75 долари по шолја чини најскапото кафе на светот

Во понудите на калифорниските кафулиња од скоро го има и најскапото кафе на светот по цена од 75 долари по шолја.

Ланецот кафулиња во Јужна Калифорнија и Сан Франциско во понудата го имаат ексклузивното Елида Натурал Гејша 803 кафе, кое според нивните зборови, е најскапото кафе на светот.

Бројот 803 во името на кафето значи рекордна цена која е платена за фунта органско зрно кафе на аукција во Панама.

Поради ограничената понуда избила и „војна“ во натпревар за реткото кафе „Арабика“ од Панама кое има цветен вкус налик чај од јасмин. Во продажба имало само 100 фунти односно 45 килограми кафе, од што најмногу завршиле во Јапонија, Кина и Тајван.

Според пишувањата на сајтот Клач Кофи Ростерс, тоа кафуле купило 4,5 килограми, што е според нивното објаснување доволно за 80 шолји кафе.

Бев изненаден што воопшто постои кафе од 75 долари за шолја, но изненадувачки е добро – рекла Лорен Свенсон, една од муштериите кои го пробале најскапото кафе на светот.

Мени