Цветот од багрем и храни и лекува

Мај 15, 2019 | Совети

Цветот од багрем, кој го има во изобилство во ова време од годината, би требало да се зачува за зима.

Се смета за најефективен во лечење на кашлица и ја намалува зголемената телесна температура.

Фитофармацевтите велат дека цветовите по берењето се сушат во сенка и на блага „промаја”.

По сушењето би требало да се чуваат во добро затворени садови, за да не ја изгубат аромата.

Чајот од багремов цвет се користи и за ублажување на затворот, додека есенцијата од самиот цвет пронашла голема примена во хомеопатијата.

Хомеопатите најчесто го препорачуваат за лечење на прекумерна секреција на хлороводородна киселина во желудникот, мигрена и болна невралгија на нервите на лицето.

Багремов мед е меѓу најценетите видови на мед. Со месеци останува во течна состојба и многу пополека се кристализира, затоа што содржи повеќе фруктоза од гликоза.

Благ е и има пријатен вкус, лесно се вари, па се препорачува за деца и за оздравување на оние кои страдаат од слаб имунитет.

Багремовиот цвет може да ја надополни и трпезата.

Варените семиња од багремовиот цвет може да го заменат гравот, додека пржените цвеќиња од багремот претставуваат вистински специјалитет.

Дневно три чаши

Чај од исушени цветови од багрем се подготвуваат на следниов начин: една полна лажица додате во 250 ml врела вода и оставете ја да отстои три минути.

Пијте две или три чаши чај дневно.

Во народната медицина чај од цвет од багрем се препорачува и за сузбивање на ревматска болка, забоболка, а ефикасно делува и во случај на жиговина, гастритис и чир на желудникот.

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...

Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10.1 отсто во споредба со април лани

Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10.1 отсто во споредба со април лани

Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0.7, а цените на мало за 1.4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците на животот бележат раст од 13.0, а цените на мало од 10.1 проценти, соопшти Државниот завод за...

ХРАНА ЗА МОЗОКОТ! Како исхраната влијае на нашата интелигенција!

ХРАНА ЗА МОЗОКОТ! Како исхраната влијае на нашата интелигенција!

Истражувањата покажуваат дека хранливите состојки во храната имаат значајно позитивно влијание на работата на мозокот. Проблемите со размислувањето и концентрацијата најчесто се јавуваат при таканаречен оксидативен стрес, пишува „Fox news“. За поголема продуктивност и...