Срциња со сирење

Состојки
500 гр брашно
1/2 кесичка сув квасец
70 мл масло
50 мл млеко
200 мл вода
2 лажички шеќер
1 лажиче сол
за фил
1 јајце
70 гр сирење
за премачкување
1 јајце

Најпрво го активираме квасецот, со 2 лажички шеќер, малку брашно и топло млеко, па замесуваме тесто од сите состојки и го оставаме да кисни околу 1 час.

Го премесуваме и го расукуваме во долга кора, со облик на правоаголник. Ја премачкуваме со филот, кој го спремаме така што јајцето го матиме и него го додаваме дробеното сирење.

Од тестото, завиткуваме два ролати и тоа од долгата стана кон средина, виткаме до половина од двете страни (види дополнителна слика). Го сечеме на кругови околу 1 см.

Ги редиме во плех обложен со хартија за печење и при тоа, малку ги обликуваме како срце – го стегнуваме делот што ги поврзува двата ролати, да дојде зашилено како долниот дел од срцето, а во горниот дел малку ги разделуваме двата ролати.

Ги оставаме да киснат уште кратко 15-20 минути, па ги премачкуваме со разматено јајце и ги печиме во загреана рерна околу 15 инути на 180 степени.

Совет – Доколку корисите поголеми јајца, наместо да ставате цело јајце во филот, може да извадете еден мал дел за премачкување.

Skills

Posted on

јануари 14, 2018