Солен ролат со спанаќ и сирење

Дек 19, 2018 | Македонска Кујна

Ако имате прослава која наближува, било каква свеченост, роденден или едноставно
сакате да имате пријатна глетка која се дегустира, нашиот предлог за солен ролат со
спанаќ и сирење е вистинска добитна комбинација!
Рецептот за овој солен ролат го направи и фотографира нашата пријателка trydiani од Бугарија, а
нас многу ни се допадна и со задоволство го споделуваме со вас.

Состојки:

  • 45 грама путер
  • 1/3 чаша брашно
  • 200 мл млеко
  • 3 јајца
  • 1/4 чаша пармезан или ситно рендано тврдо сирење
  • 1 до 2 лажици свеж копар, сечкан
  • Сол, црн пипер и морско оревче, по вкус

За фил:

2 чаши исечкан свеж спанаќ

1 чаша кромид

1/4 чаша рендано тврдо сирење

1/4 чаша печени семки од сончоглед или ореви

1 лажица паштета од маслинки или зелени маслинки

1 до 2 лажици маслиново масло

2 лажици свеж копар, нане и лимонска трева

Сол, црн пипер и морско оревче, по вкус

150 гр крем сирење или рикота (во замена може да се користи изварка)

Подготовка:
Во тава за печење со димензии 20×20 см, ставете харија за печење, премачкајте ја со масло и посипете ја со брашно.
Скршете ги јајцата и оддвојте ги жолчките од белките.
Во длабока тава на оган ставете го путерот да се растопи и додадете го брашното. Прпоржете го
додека добие златно-жолта боја, а потоа се налејте го млекото. Смесата постојано мешајте ја додека се згусни.
Додадете го ренданото тврдо сирење и мешајте за да се растопи сирењето.
5Оставете го садот кратко време да се излади и потоа додадете ги жолчките една по една, и
мешајте со лажица. Во смесата додадете сол по вкус, црн пипер и морско оревче и оставете ја да се излади.
Во друг сад, пенасто изматете ги белките и внимателно додадете ги во претходно подготвената
смеса со жолчките и убаво промешајте. Смесата ставете ја во подготвената тава и печете на 180ºС за време 25 – 30 минути.
Откако ќе се испече, тавата прекривајте ја со влажна крпа и превртете го пандишпанот врз
крпата. Отстранете ја хартијата за печење, а потоа се заменете ја со нова хартија и се формирајте го
пандишпанот како ролат. Оставете го да се излади неколку часа или ставете 1-2 часа во ладилник.

Подготвува на фил: Во тава на оган, ставете една лажица масло и пропржете ги спанаќот и
кромидот. Зачинете со сол, црн пипер и морско оревче по вкус, додадете го кашкавалот или сирење
по вкус, паштета од маслинки, зачините и печените семки. Добиената смеса може дополнително да
ја миксирате во кујнски блендер со уште една лажица маслиново масло.
Врз пандишпанот ставете крем сирење, а над него од подготвениот фил. Формирајте го ролатот,
завиткајте го со алуминиумска фолија и ставете го во фрижидер да се стегне околу 3 часа.
Изладениот солен ролат, исечете го на парчиња и послужете. На здравје!

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Популарниот портал за гастрономија, Taste Atlas, објави листа на најлошо рангирани македонски јадења, врз основа на оценките на корисниците на оваа страница. Најлоша оценка има кукурек, односно оценето е како најлошо јадење. Најдобра оценка од 10-те најлоши јадења...

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Крокетите од компир најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни. Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век. Можете да ги купите во продавница, но најдобро е сами да ги...

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Подготовката на смесата за палачинки треба да биде една од наједноставните потфати во кујната, но колку и да изгледа едноставна подготовката на смесата, има чести дискусии за мали трикови што ќе обезбедат меки и вкусни палачинки. Овие трикови обично се поврзани со...

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Вкусно и визуелно многу привлечно јадење – полнетите печени домати се вистинска рапсодија на вкус, боја и арома, а сите ќе уживаат во оваа комбинација. Кускусот е храна која се добива од здробена тврда пченица и е многу популарна храна во кујните на арапските земји....