Сладок намаз со вкус на Божиќ кој ќе го обожавате

Дек 19, 2018 | Десерти

За вас го имаме совршениот рецепт за намаз кој може да се мачка на лепче, палачинки или едноставно да си сркнете лажиче кога и да почувствувате потреба за нешто слатко.

Со суптилен вкус на ѓумбир, ова е рецептот кој во себе го носи божиќниот дух и целата декемвриско-јануарска магија:

Потребни состојки:

  • 300 gr кекси со ѓумбир (Speculas)
  • 100 gr путер
  • 20 gr мед
  • 1 лажичка арома од ванила
  • 100 ml млеко

Начин на подготовка:

  1. Издробете ги кексите и префрлете ги во блендер. Добро иситнете ги додека не се претворат во прав. Потребно е да добиете фина, ситна смеса која личи на мелена Плазма.
  2.  На средна температура стопете го путерот додадете го медот, аромата од ванила и млекото и варете додека не се соединат сите наведени состојки.
  3. Додадете ја смесата во блендерот заедно со кексите. Текстурата треба да биде мазна, како крем или намаз од кикиритки.
  4. Доколку ви е премногу густа, додадете уште малку млеко, а доколку пак сметате дека е ретка, додадете уште малку мелени кекси.

Овој намаз, освен што е сладок, претставува и одличен подарок. Едноставно спакувајте го во чиста тегличка, украсете ја, и подарете ја некому кој обожава слатко, направено од срце со многу љубов.

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Во тенџерето додадете скроб (нишесте), кој побрзо ќе го згусне. Ви предлагаме да ги искористите јагодите кои веќе може да ги купите и да направите домашно слатко од миризливо и свежо овошје. Ви пренесуваме малку поинаков рецепт од оној на кој сте навикнати. Во...

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Јајцата со шеќер изматете ги со миксер. Додадете масло, ванилин шеќер, јогурт и прашок за пециво измешан со брашно. Комбинирајте сè заедно. Загрејте ја машината за крофни и истурете по 1 лажичка фил во секој калап. Затворете го уредот и печете додека не поруменат....

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Доколку сакате чо Доколку сакате чоколадни комбинации тогаш оваа торта ќе ги маѓепса сите ваши сетила. Овој рецепт за чоколадна торта со богат филм е нешто божествено, а нејзината подготовка е навистина брза. Состојки: 200 грама мелени бисквити; 200 грама чоколадо;...