Рецепти за слабеење: 3 замени за тесто и компир

Авг 12, 2019 | Совети

Компирот и тестенините за многумина се омиленото јадење без кое не може да помине подолго време.

Но, всушност овие намирници кои се богати со јаглехидрати, НЕ се вашите сојузници во слабеењето.

Ако сакате да ви успее диетата, тогаш погледнете ги овие заменски намирници за тестенини и компир.

ЛАЗАЊИ: Домат наместо тесто

Доматот е вкусна намирница со густа структура која може да го замени тестото за лазањи.

Доматот измијте го и исечете го на кругови. На лимот за печење ставете масна хартија, а на него ставете го зеленчукот и лесно премачкајте го со маслиново масло.

Печете во рерна околу 5 минути на 220 степени од една, а потоа и од другата страна.

Откако ќе ги испечете доматите можете да ги употребите на ист начин како и тестото.

 

ПИРЕ: Карфиол наместо компир

Овој зеленчук кога ќе го сварите ќе добие текстура која ќе биде замена за компирот.

Карфиолот сварете го на пареа и фрлете ја водата. Во лонецот додајте масло, сол и млеко, исто како кога правите класично пире.

Се заедно добро измешајте. Ако сакате побогат вкус, во тава испржете лук и додајте го во пирето и продолжете да мешате.

 

ШПАГЕТИ: Тиквички наместо тестенини

Тиквичките се зеленчук кој треба максимално да се икористи бидејќи има богат вкус.

Исечете ги на долгнавести парчиња, а секое парче поминете го на трака за сечење и ќе добиете шпагети од тиквички.

Шпагетите можете да ги сварите одделно или направете сос за тестенини па заедно.

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...

Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10.1 отсто во споредба со април лани

Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10.1 отсто во споредба со април лани

Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0.7, а цените на мало за 1.4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците на животот бележат раст од 13.0, а цените на мало од 10.1 проценти, соопшти Државниот завод за...

ХРАНА ЗА МОЗОКОТ! Како исхраната влијае на нашата интелигенција!

ХРАНА ЗА МОЗОКОТ! Како исхраната влијае на нашата интелигенција!

Истражувањата покажуваат дека хранливите состојки во храната имаат значајно позитивно влијание на работата на мозокот. Проблемите со размислувањето и концентрацијата најчесто се јавуваат при таканаречен оксидативен стрес, пишува „Fox news“. За поголема продуктивност и...