По рецептот на баба ми ликер од вишни

Јун 12, 2019 | Пијалоци (Шејкови)

За сите вас кои го сакате овој супер ликер, еве рецепт… Има два рецепти: со 3 кг и со 0,5 кг, а вие одберете си по вкус и по количина кој најмногу ви одговара.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 3 кг вишни
  • 2 кг шеќер
  • 1 литар добра ракија (лозова)

ПОСТАПКА:

Вишните добро измијте ги и исцедете ги. Во тегли од 5 литри редете ги вишните, шеќерот и залијте ги со ракија.

Целата оваа количина ја собира во две вакви тегли.
Оставете на сонце 40 дена, со секојдневно мешање за да се растопи шеќерот.

После 40 дена процедете (и не мора) и складирајте во стаклени шишиња. Не сум мерела точно, но излегува околу 3-4 литри.

Потребни состојки за рецептот со 0,5 кг:

  • 500 г вишни
  • 500 г шеќер
  • 1 литар домашна ракија

ПОСТАПКА:

Во стаклена тегла редете ред вишни, ред шеќер додека има состојки.
Потоа прелијте со ракија и добро затворете.
Оставете ги теглите на сонце 40 дена, протресете неколку пати за да се растопи шеќерот.
Потоа се складира во шишиња и се пие разладено.

Една чашка на ден е доволна, а од две, три… ќе пеете цела ноќ : – )

За оние што прават првпат: семките не се вадат, само вишните треба да бидат здрави, да нема скапани меѓу нив.

Потоа може да се користат за Шварцвалд торта, за чоколадни пралини со вишни, шери чоколатца… А ако изедете неколку вишни, ќе бидете весели цел ден…. : – )

Многу се силни, впиваат доста алкохол.

Вишните може да ги оставите во ракијата и да не ги процедувате.
Исто така, овој ликер може да се приготви и од смрзнати вишни.

Еве уште една идеја кога веќе пишуваме за ликери: Земете една голема тегла од 5 или повеќе литри, па започнете во неа да редите сезонско овошје, ред овошје, ред шеќер, ред ракија и ред рум.

Важно е секогаш да има прст ракија над овошјето.
И како излегува ново овошје вие така дополнувајте го. Вака ќе добиете ликер од разно овошје кое може да се користи и за пиење и за разни колачи.

 

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сите состојки Состојки: 1 замрзната банана (исечена на прстени) ½ шолја кафе ½ шолја бариста млеко од растително потекло (или млеко по ваш избор) 1 лажица какао во прав 1 лажица ленено семе ½ чаша ванила или чоколаден протеин во прав 1 лажица путер од јаткасти плодови...

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Најубавиот летен коктел за пријатно попладне или почеток на вечерта Од скромните почетоци во малите барови низ северна Италија, ритуалот на пиење Аперол се рашири низ континентите, а луѓето ширум светот се поврзуваат преку љубовта да уживаат во овој коктел, кој...

Овој КОКТЕЛ со специфично име е еден од најдобрите за во лето

Овој КОКТЕЛ со специфично име е еден од најдобрите за во лето

„Палома“ е мексиканска класика и злобна конкуренција на најпознатиот пијалак базиран на текила – Маргарита, и ако имате шише текила, лесно можете да направите еден од овие два пијалаци. Палома е пијалак кој Мексиканците едноставно го обожаваат поради различните...

Ново истражување открило кога е најздраво да го испиеме утринското кафе: Пред или после појадок?

Ново истражување открило кога е најздраво да го испиеме утринското кафе: Пред или после појадок?

Лошо сте спиеле и сте се разбудиле уморни. Секако дека првото нешто што го правите е вашето утринско кафе. Но ново истражување открило дека можеби тоа и не е толку добра идеја Имено, заклучокот на истражувачите кои работеле на ова истражување е дека консумирањето кафе...