По Велигденскиот пост, заблажете се со овој превкусен колач

Апр 19, 2019 | Десерти

Кремаст колач со чоколадо и ореви…

Состојки за тестото: 6 белки, 200 г шеќер во прав, 200 г мелени ореви, 4 лажици брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво.

За филот: 6 жолчки, 200 г шеќер во прав, 200 г чоколадо за готвење, 150 г путер.

За глазурата: 200 г слатка павлака, 1 лажица мед, 1 мало лажиче мед,

1 лажица шеќер во прав, 1 мало лажиче шеќер во прав, 250 г чоколадо за готвење, 30 г путер.

Најпрво подгответе го тестото:

–Белките изматете ги во цврст шлаг и постепено додавајте го шеќерот во прав.

Измешајте ги претходно брашното, оревите, прашокот за печиво и додадете ги заедно во шлагот.

Мешајте со дрвена лажица. Тестото сипете го во тава обложена со хартија за печење.

Печете во претходно загреана рерна на 200 Целзиусови степени 15 минути.

Потоа подгответе го филот:

–Жолчките и шеќерот во прав варете ги на пареа. Кога смесата ќе почне да се згуснува додадете во неа 200 г растопено чоколадо и 150 г путер. Варете уште 8 минути. На оладено тесто премачкајте врел фил.

И на крајот подгответе ја глазурата:

-Во едно тенџере на рингла загрејте ги павлаката, медот, шеќерот во прав до точка на вриење, но не смее да проврие.

Во друг сад растопете го чоколадото за готвење со путерот.

Во ова сипете ја горната смеса и убаво измешајте. Ова прелијте го преку оладениот фил.

Оставете колачот убаво да се излади пред да го сервирате. Одозгора колачот можете да го украсите со шлаг.

Магичен колач од само 2 состојки: Не може да биде поевтино, побрзо и повкусно

Магичен колач од само 2 состојки: Не може да биде поевтино, побрзо и повкусно

Чоколадна торта со само две состојки ќе ве воодушеви. Не бара многу време за подготовка, нема комплицирани состојки и се што ви треба е малку добра волја, чоколадо и јајца. Што се однесува до чоколадото, слободно изберете според ваш вкус. Никогаш побрзо и никогаш...

Десерт што ќе ви се допадне: Чоколаден чизкејк (РЕЦЕПТ)

Десерт што ќе ви се допадне: Чоколаден чизкејк (РЕЦЕПТ)

Едно парче нема да ви биде доволно СОСТОЈКИ: 300 гр мелени бисквити четири лажици путер лажица какао во прав две лажици мед ЗА ФИЛ: 700 гр маскарпоне сирење чаша слатка павлака чаша шеќер една лажичка скроб три поголеми јајца екстракт од ванила една лажица сок од...

Три рецепти за здравo и густo веганско топлo чоколадo

Три рецепти за здравo и густo веганско топлo чоколадo

Ретко кој може да и одол Ретко кој може да и одолее на чоколадото,особено на омилениот пијалок,топлото чоколадо,кое толку убаво грее и теши кога надвор е студено и темно. Штом зимата тропне на врата и температурите нагло паднат,се отвора апетитот за мрсна и слатка...

Неодоливо вкусни, се топат во устата

Неодоливо вкусни, се топат во устата

Растопете го путерот. Изматете ги јајцата во сад, додадете шеќер, сол, путер и пирето од тиква. Изматете ја смесата со миксер. Измешајте брашно со прашок за пециво и додадете млеко. Ако смесата е премногу тенка или густа, по потреба можете да додадете уште малку...