Погача со спанаќ и ајвар

Фев 14, 2019 | Македонска Кујна

Потребни состојки:

  • 800–900 гр. брашно
  • 30 гр. квасец
  • 200 мл јогурт
  • 200 мл млеко
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • 50 мл масло
  • 150 гр. фета сирење
  • 1-2 лажици ајвар
  • варен и сечкан спанаќ
  • 2 јајца
  • 1 жолчка
  • сусам

Начин на подготовка:

Квасецот истопете го во малку млако млеко, додајте шеќер и останатото млеко, јогуртот, два јајца и изматете со маталка
Потоа додајте брашно и сол и замесете средно тврдо тесто.
Оставете да да стаса. Тестото поделете го на четири еднакви делови, а од секој дел направете
топче.

Првото топче расукајте го на хартија за печење и намачкајте го со сирењето.

Втората кора расукајте ја, па ставете ја над кората со сирење и врз неа ставете го спанаќот.

Третата кора ставете ја над кората со спанаќ, па намачкајте ја со ајвар.

Четвртата кора расукајте ја и ставете ја преку таа со ајвар.

Над погачата ставете тркалезна тава или тенџере и притиснете да
се одбележи круг па вишокот исечете го. Тоа тесто сочувајте го за средината на кругот. На
средина ставете чаша и обележете круг.
Со нож за пица исечете ја погачата од рабовите на бележаниот круг надолу, направете 4
четвртини. Секоја четвртина поделете ја на три дела. Сечете до линијата од чашата.

Со раце земете два соседни триаголници па три пати превртете ги и ивиците и притиснете ги на
хартија. Така по ред, во круг. На средина на погачата ставете едно топче од тестото кое ви
останало од исеченото тесто.
Погачата префрлете ја во поголем плех, намачкајте со жолчка и наросете со сусам. Оставете
малку да нарасне. Рерната загрејте ја на 200 степени. Печете 35 до 40 минути.

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Популарниот портал за гастрономија, Taste Atlas, објави листа на најлошо рангирани македонски јадења, врз основа на оценките на корисниците на оваа страница. Најлоша оценка има кукурек, односно оценето е како најлошо јадење. Најдобра оценка од 10-те најлоши јадења...

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Крокетите од компир најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни. Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век. Можете да ги купите во продавница, но најдобро е сами да ги...

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Подготовката на смесата за палачинки треба да биде една од наједноставните потфати во кујната, но колку и да изгледа едноставна подготовката на смесата, има чести дискусии за мали трикови што ќе обезбедат меки и вкусни палачинки. Овие трикови обично се поврзани со...

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Вкусно и визуелно многу привлечно јадење – полнетите печени домати се вистинска рапсодија на вкус, боја и арома, а сите ќе уживаат во оваа комбинација. Кускусот е храна која се добива од здробена тврда пченица и е многу популарна храна во кујните на арапските земји....