Памук кифлички со џем

Мај 6, 2019 | Пити и тесто

Состојки:

  • 2 јајца
  • 2 дл масло
  • 3 дл млеко
  • 1 лажица сув квасец
  • 100 гр шеќер
  • 700 гр брашно

Фил:

  • 200 гр шеќер
  • 3 дл вода

Подготовка:

Во 3 дл млако млеко ставете една лажица сув квасец и 100 гр шеќер.

Потоа додадете 2 јајца, 2 дл масло и брашно, па замесете тесто.

Тестото добро обработете го и оставете го да надојде. Откако ќе надојде, поделете го на пет делови.

Секој дел исукајте го во круг и исечете го на осум триаголници.

На секој тријаголник од тестото ставете по една лажичка џем и завиткајте го во кифличка.

Така направете со сите делови од тестото. Кифличките оставете ги на страна 15 минути и печете ги на 200 степени додека не поруменат.

Во меѓувреме направете сируп: во сад ставете шеќер и вода и варете 4-5 минути откако ќе зоврие.

Печените кифлички топли потопете ги во подготвениот сируп ( не требе да стојат во сирупот, само да се натопат од едната и од другата страна).

На крај по желба попрскајте ги со кокос.
Кифличките повеќе денови стојат меки како памук.
Добар апетит !

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Палачинките се еден од оние десерти кои би можеле да ги јадеме секој ден и не би се пожалиле дека често се на „менито“. Доколку и самите ги сакате, можеби е време да ги смените класичните и да пробате поздрава верзија во која ќе уживате без каење. Состојки: 1 морков...

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Се прави за еден час, а во неговата свежина можете да уживате до 7 дена, доколку можете да одолеете да не го јадете.Ако сте се здебелиле во текот на зимата и сега барате начин да го намалите внесот на калории, ќе започнете со елиминирање на белото брашно. Се прави за...

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Палачинките се старомоден деликатес кој се прави од состојки кои секоја домаќинка ги има дома. Може да бидат солени, слатки, пржени… Доколку сакате да ги јадете, ви носиме евтин рецепт за кој се потребни само три состојки. Палачинките се прават без брашно, млеко,...

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Состојки: 500...