Охриѓанец е сопственик на еден од најдобрите 100 ресторани во САД

Дек 10, 2017 | Забава

Ресторанот Crust на сопственикот Климе Ковачески, кој живее и работи во САД, а по потекло е охриѓанец, се наоѓа меѓу најдобрите 100 во Соединетите американски држави, според листата направена од специјализираниот веб сајт Open Table.

Crust, кој всушност е ресторан за пица и паста, се наоѓа на источната страна од реката Мајами во истоимениот град.

Веб сајтот Оpen Table ги базира своите награди на рецензии кои ги прават нивните корисници. Податоците на сајтот вклучуваат 12 милиони рецензии и 26.000 ресторани. Сите ресторани се рангирани според нивните рејтинзи, односно врз искуството добиено од клиентите. Crust е еден од трите ресторани кој е одликуван од страна на Open Table. Останатите се Buccan во Палм Бич и The Grill vo Риц-Карлтон, Нејпл.

Климе Ковачески кој ресторанот го работи заедно со сопруграта Анита, во 2015 година бил селектиран и во најдобрите 50 приготвувачи на храна во Мајами. Формулата на Климе и неговата сопруга Анита, со која заедно го водат ресторанот, е непрекината работа и страст, како и посветување внимание на секој можен детал.

Тие вложуваат максимален напор во секој аспект од бизнисот, вклучувајќи ја и употребата на ресурси, следење на рецензиите за ресторанот и комуникацијата со клиентите и слично. Како што велат тие, многу често се случува да работат по 12 часа на ден, и тоа шест или седум дена во неделата.

превземено од : © Ohrid24.mk

Се подготвувате да одите на море – ова се цените за кафе, храна и лежалка во Хрватска, Црна Гора и Грција

Се подготвувате да одите на море – ова се цените за кафе, храна и лежалка во Хрватска, Црна Гора и Грција

Летото пристигнува и пред почетокот на сеозната главно прашање на македонските туристи кои планираат одмор им е освен цената на хотелите и апартманите, колку чинат лежалките, чадорите за сонце, кафето, гирото и слично. Цените во Грција и Црна Гора, засега се останати...

Мексиканска кујна

Мексиканска кујна

За мексиканската кујна се смета дека е една од најпознатите во светот. Голем дел од производите што се користат во разните кујни во светот, потекнуваат од Мексико. На пазарите во старо Мексико можело да се најде: грав, пченка, кикиритки, какао, домати, чили пиперчиња,...

Тајните на Француската кујна

Тајните на Француската кујна

Вистинскиот развој на француската кујна започнува со Катерина де Медичи. Кога во 1533 -тата година таа заминала за Франција за да се омажи за кралот Хенри Втори, таа покрај личните работи, на пат ги повела готвачите, келнерите и слаткарите. Катерина со право била...

Турска кујна

Турска кујна

Турската кујна спаѓа меѓу 10 најатрактивни светски кујни. Дамнешниот номадски живот, просторот со различната флора и фауна, кои минува низ седум географски зони, и наследството на богатата царска кујна се трите темелни елементи кои влијаат врз гастрономската умешност....