Магнезиумот е извонреден минерал кој е еден од основните елементи неопходни за правилно функционирање на организмот на човекот

Авг 15, 2019 | Совети

Магнезиумот заедно со калиумот, калциумот и натриумот се основните елементи неопходни за правилно функционирање на организмот на човекот.

Вашето тело не го произведува овој важен минерал. Поради тоа, потребно е секојдневно да консумирате храна, богата со магнезиум.

ЗОШТО НИ Е ПОТРЕБЕН МАГНЕЗИУМ?

 

Магнезиумот игра важна улога во работата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, мускулите, бубрезите, црниот дроб, жлездите што лачат хормони и мозокот.

Тој се апсорбира преку цревата и потоа со помош на крвта се транспортира до клетките и органите, каде што се складира.

Денес научниците веруваат дека магнезиумот помага во превенцијата и лекувањето на многу болести како астма, аутизам, срцеви заболувања, епилепсија,

ХИВ/Сида, мултиплекс склероза, ПМС и лупус.

СИМПТОМИ ПРИ НЕДОСТИГ НА МАГНЕЗИУМ

 

Магнезиумот учествува во различни реакции и функции на организмот.

Две третини или 60% од магнезиумот во телото се наоѓа во коските, 35% во срцевиот мускул и скелетните мускули, а остатокот во бубрезите, црниот дроб и мозокот.

Поради тоа, симптомите при недостиг на магнезиум се најразлични.

Најчести симптоми се:

Бананите можат да ви помогнат да го надоместите недостатокот на магнезиум.
  • Слабост или грчеви во мускулите;
  • Аритмија или забрзано отчукување на срцето;
  • Главоболка;
  • Висок крвен притисок;
  • Покачување на телесната тежина;
  • Депресија;
  • Мачнина;
  • Недостаток на апетит.

Недостатокот на магнезиум може да се утврди преку анализа на крвта.

Неконтролираното консумирање на магнезиум под формата на апчиња или како додаток во исхраната може да доведе до предозирање.

При предозирање со магнезиум симптомите се: дијареја, малаксаност и поспаност.

За да ги избегнете тие непријатности, не употребувајте магнезиум надвор од вашата исхрана, освен ако тоа не ви е препишано од доктор.

ПРЕПОРАЧАНИ ДНЕВНИ ПОТРЕБИ

 

Препорачаните дневни потреби за магнезиум се:

  • Новородени (0-6 месеци) – 30mg
  • Новородени (7-12 месеци) – 75mg
  • Деца (1-3 години) – 80mg
  • Деца (4-8 години) – 130mg
  • Тинејџери (14-18 години) – 360 до 410mg
  • Мажи (19-30 години) – 400mg
  • Мажи (31 година и нагоре) – 420mg
  • Жени (19-30 години) – 310mg
  • Жени (31 година и нагоре) – 320mg
  • Бремени жени (19 години и нагоре) – 350 до 360mg
  • Доилки (19 години и нагоре) – 310 до 320mg

ХРАНА БОГАТА СО МАГНЕЗИУМ

 

Повеќето растенија и јаткасти плодови содржат магнезиум. Консумирањето на сончоглед,

соја, ореви, семки од тиква, грав, леќа или интегрален леб,

зелена салата, морска риба, банани и чоколадо го покачува нивото на магнезиум во организмот.

Денес сите ние водиме стресен живот, а магнезиумот го подобрува расположението и помага при стрес.

За да бидете поспокојни и поздрави не прескокнувајте ја споменатата храна, богата со овој незаменлив минерал.

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...