Лесен и совршен десерт: Торта од јагоди и бело чоколадо

Јул 12, 2019 | Десерти

Ова е сладок десерт со кој можете да ги изненадите гостите или пак да уживате во кругот на семејството.

Состојки:

  • 6 жолчки
  • 250 гр. шеќер
  • 250 гр. јагоди
  • 750 мл. слатка павлака
  • 250 гр. бело чоколадо

 

Начин на подготовка:

Измешајте ги жолчките и шеќерот, а кога смесата ќе стане пенеста, ставете ја на пареа.

Постојано мешајте додека не добиете кремаста структура. Тргнете ја од пареа и чекајте додека не се олади.

Измиените и исечени јагоди изгмечете ги со вилушка. Измиксајте ја слатката павлака и додајте ја смесата од жолчки.

Додајте ги и изгмечените јагоди, па се добро промешајте.

Смесата ставете ја во калап за торта и оставете да отстои во замрзнувач преку ноќ. Утредента стопете ја белата чоколада на пареа, малку изладете ја и прелијте ја преку тортата.

Потоа оставете ја тортата уште 5 минути во замрзнувач.

Извадете ја од калапот и украсете ја по желба, со јагоди, рендано чоколадо, бадеми.

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Во тенџерето додадете скроб (нишесте), кој побрзо ќе го згусне. Ви предлагаме да ги искористите јагодите кои веќе може да ги купите и да направите домашно слатко од миризливо и свежо овошје. Ви пренесуваме малку поинаков рецепт од оној на кој сте навикнати. Во...

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Јајцата со шеќер изматете ги со миксер. Додадете масло, ванилин шеќер, јогурт и прашок за пециво измешан со брашно. Комбинирајте сè заедно. Загрејте ја машината за крофни и истурете по 1 лажичка фил во секој калап. Затворете го уредот и печете додека не поруменат....

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Доколку сакате чо Доколку сакате чоколадни комбинации тогаш оваа торта ќе ги маѓепса сите ваши сетила. Овој рецепт за чоколадна торта со богат филм е нешто божествено, а нејзината подготовка е навистина брза. Состојки: 200 грама мелени бисквити; 200 грама чоколадо;...