Ќунафе – на турски начин

Состојки:

  • 200-250 гр. пресен кадаиф
  • 40-50 гр. путер
  • 70 гр. моцарела
  • 20-30 гр. фстациШербет

Шербет:

  • 1/3 чаша (од 200мл) шеќер
  • 1/3 чаша вода
  • малку сок од лимон

 

Подготовка:

Во Турција за подотовка на овој рецепт се користат специјални чинии, но вие можете да го
направите истото и со обични метални чинии. Ќе ви треба пресен кадаиф (турски, грчки).

Кадаифот се кине на мали парчиња, путерот се растопува и се додава на кадаифот.
Половината од кадаифот се става во метална чинија или тавче и се притиска.

Над кадаифот се додава моцарелата, а можете да искористите и пресно несолено сирење кое што се растопува.

Над сирењето се додава другата половина од кадаифот и пак се притиска.
Така подготвеното ќунефе се пржи на многу тивок оган од едната страна додека да добие златна боја, потоа се врти од другата страна.
За пржењето потребно е околу половина час.
За шербетот се смесуваат состојките и се вари за кратко.
Млакиот шебет се додава на жешкото ќунефе и се остава за малку на оган потоа се тргнува од оган и се додаваат ситно сечканите фстаци.

Од наведените состојки се добива едно ќунефе.

Мени