Јадете го овој леб колку што сакате и ќе ослабете лесно и брзо: Се меси без брашно и квасец и е вистинско чудо (РЕЦЕПТ)

Протеинската диета ја ограничува употребата на јаглени хидрати во исхраната

Состојки:

3 јајца, 100 градам намаз од сирење, 1/2 лажичка прашак за пециво, малку сол

Подготовка:

Во еден сад издвојте ги белките, додадете малку сол и изматкајте. Во друг сад ставете ги жолчките, сирењето и пецивото, па и таа смеса добро измиксајте ја. Во добиената смеса постепено додавајте од смесата со белките, а потоа полека и постепено промешајте за да се задржи волуменот. На тепсија ставете хартија за печење, а со помош на лажица ставајте од смесата, но оставајте простор помеѓу одделните парчиња кои сакате да ги направите.

Тепсијата ставете ја во загреана рерна и печете околу 25 минути на 150 степени. Кога пецивата ќе ги извадете од рерната ќе се изнанадите од нивниот изглед, но немојте да се прелажите, токму такви треба да бидат, но не за долго. Откако ќе се изладат, пецивата е важно да ги ставите во сад со херметички капак и да ги оставите да отстојат преку ноќта. Во тој период во потполност ќе ја променат својата текстура и ќе личат на леб. Пецивата може да ги наполнете и со слатки намази, па да ги јадете како десерти.

Мени