Чинија полна здравје – Диетална леќа со зеленчук

Состојки:

  • 1 шолја леќа
  • 1 шолја замрзната пченка
  • 1 голем компир, исечкан на мали парчиња
  • 4 моркови, исечкани
  • 1 исечкан кромид
  • 2 стапчиња целер, исечкан
  • 1 шолја грашок
  • 1 ½ шолја доматно пире
  • 1 коцка од зеленчук (разматена во 3 шолји вода)
  • Маслиново масло
  • Сол, бибер и црвен пипер

Подготовка:

Загрејте за тавата на среден оган. Потоа додадете го кромидот, морковите и компирот и гответе додека кромидот не стане проѕирен.

Посолете и ставете бибер и црвен пипер по вкус. Потоа додадете ја супата од зеленчук, пченката, грашокот и леќата и доматното пире.

Гответе на тивок оган сè додека леќата не биде готова.

Добар апетит!

Мени