Состојката од чоколадото е делотворна против кашлицата !

Британските научници откриле дека состојките од чоколадото може да ја запрат хроничната кашлица,
како и да овозможат развој на НОВИ, делотворни лекови.Истражувачите од Лондонскиот кралски колец утврдиле дека состојката од чоколадото, која се нарекува теобромин, за 30% е подеотворна во запирањето на хроничната кашлица отколку стандардните лекови. Нивното истражување покажало дека теоброминот, во споредба со вообичаените лекови, предизвикувазначително помал број пропратни ефекти.
Тие особено ја истакнуваат отсутноста на чувството на поспаност кај пациентите кои биле лекувани со теобромин.
Теоброминот дејствува така што ја оневозможува активноста на нервите кои предизвикуваат кашлица.
Утврдено е дека, за разлика од стандардните лекови, теоброминот не и штети на работата на кардиоваскуларниот и на нервниот систем

Мени