Совршен солен колач

Потребно е:
300 гр салама, по желба
4 јајца
1 китка магдонос
26 рамни лажици брашно
6-7 лажици брашно
1 лажиче сода бикарбона
1 чаша (од 200 мл) кисело млеко
150 гр сирење
бибер
Подготовка:
– Во еден сад изматете ги јајцата и додадете ги дробеното сирење, ситно сецканиот магдонос, брашното, киселото млеко, сода бикарбона и бибер.
– На крај додадете ја ситно сецканата салама.
– Смесата сипете ја во долгнавеста тава обложена со хартија за печење.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 5 минути, а потоа постепено намалете ја температурата до 150 степени и печете додека да добие убава златно-кафена боја.
– Ако забележите дека колачот ќе почне да потемнува на површината, покријте го со алуминиумска фолија и допечете го.

 

Мени