Сендвич во кој ќе уживаат и најприбирливите

Состојки:

  • 2 парчиња пченкарна чијабата
  • 3-4 парчиња пилешко или мисиркино филе
  • 3-4 парчиња сирење по желба
  • 2 јајца
  • 2 лажички маслиново масло
  • Мајонез
  • Свеж зеленчук по желба: кромид, домат, краставица, пиперка и сл

Подготовка:
1.По должина исечете ги парчињата леб и премачкајте ги со маслиново масло.
2.Пропржете го лебот во тава додека не добие златно-кафеава боја.
3.Додека е сеуште топол, лебот премачкајте го со малку мајонез и на секоја половинка ставете сирење и остевете бавно да се растопи.
4.Во истата тава додадете маслиново масло и испржете ги јајцата на око, се додека жолчките на станат тврди.
5.Пржените јајца додадете ги во сендвичот заедно со тенко исецканото филе и зеленчукот.

Уживајте во вкусниот оброк.

Мени