Сезонски рецепти: Вкусни коцки од јагода

Подгответе го овој вкусен колач со јагоди затоа што баш сега е нивното време…

Потребно е:

  • 6 жолчки
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици млеко
  • 6 лажици масло
  • 6 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 3 лажици какао во прав

за филот:

  • 750 г млеко
  • 250 г шеќер
  • 3 пудинзи од јагода
  • 6 белки
  • 9 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • околу 600 г јагоди
  • 2 шлаг-креми од јагода

 

Подготовка:
Изматете ги жолчките со шеќерот, млекото, маслото, какаото, брашното и прашокот за печиво. Оваа смеса сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 Целзиусови степени.

Проверете дали е печен колачот со чепкалка за заби. Кога ќе го боцнете колачот во рерна со чепкалката, ако ја извадите сува од колачот, тоа значи дека колачот е печен и извадете ја тавата од рерна.

Од млекото, шеќерот и пудинзите од јагода подгответе пудинг.

Во еден сад со миксер изматете ги белките со 8 лажици шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер во цврсто шне.

Шнето додадете го во врелиот пудинг и изматете го убаво со електричен миксер за да ги соедините состојките. Оставете да се излади.

Јагодите исечкајте ги ситно и додадете ги во горната изладена смеса. Вака подготвениот фил прелијте го преку кората и распоредете го еднакво.

Изматете две шлаг-креми од јагода и нанесете ги најодозгора на колачот.

Украсете по желба.

Мени