Само една рака семки од тиква спречуваат 9 опасни болести

Семките од тиква се одлични за физичкото, но и за психичкото здравје. Се користат во медицински цели веќе илјадници години.

Тие се богат извор на магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К.

Одличен избор се за грицкање затоа што се богати со омега 3 масни киселини кои му се потребни на телото за одржување на здравјето на срцето и за регулирање на крвниот притисок.

Против рак

Истражувањето кое го спровеле шпанските научници покажале дека семките од тиква содржат соединенија кои успешно се борат против клетките на ракот.

Уште едно истражување, овојпат на германски научници, потврдило дека жените кои поминале низ менопауза и секојдневно јадат семки од тиква имаат за 23 отсто помал ризик од настанок на рак на дојка. Еднакво делотворни се ппокажале и семките од сончоглед.

Добри се за здравјето на простатата

Маслото од семки од тиква се користи за лекување на зголемена простата (хиперплазија).

Ова масло содржи фитохемикалии и антиоксиданси кои го намалуваат нивото на слободни радикали во телото и го спречуваат настанокот на канцерогени клетки.

Ги ублажуваат симптомите на менопауза

Ако барате природен налин за да го подобрите расположението или да ги ублажите симптомите на менопауза, семките од тиква се одличен избор.

Тие ги регулираат нападите на жештина, главоболката, ја намалуваат болката во зглобовите и ја намалуваат зачестеноста на наглите промени на расположенијата.

Научниците докажале дека семките од тиква го зголемуваат нивото на добар (HDL) холестерол и го регулираат крвниот притисок.

Го намалуваат холестеролот

Истражувањата покажале дека семките од тиква можат да го намалат лошиот холестерол за 13 отсто, а нивото на вкупниот холестерол за 10%.

Исто така ќе го намалат ризикот од настанок на крвни згрутчувања, болести на кардиоваскуларниот систем, мозочниот и срцевиот удар.

Штитат од дијабетес

Семките од тиква се богати со здрави незаситени масни киселини. Утврдено е дека се делотворни во регулирањето на нивото на шеќер во крвта и зголемување на осетливоста на телото на инсулин.

Бројни стручњаци им препорачуваат на дијабетичарите семки од тиква како намирница за секојдневно консумирање.

Добри се за слабеење

Тие се богат извор на влакна и протеини, материи кои се клучни за губењето на килограмите.

Само 30 г семки од тиква имаат околу 5 г протеини што ќе ве држи подолго сити.

Сепак, консумирајте ги умерено затоа што шолја семки содржат околу 285 калории.

Го подобруваат расположението

Одлични се за физичкото, но и за психичкото здравје.

Научниците утврдиле дека семките од тиква покажуваат одлични резултати во намалувањето на симптомите на депресијата.

Одлични се за намалување на стресот и анксиозноста.

Го олеснуваат артритисот

Научниците утврдиле дека семките од тиква имаат антивоспалително дејство кое ги ублажува симптомите на артритис.

Ако страдате од артритис, секој ден јадете околу 30 г семки од тиква за да си ги олесните симптомите на артритис.

Спречуваат настанок на остеопороза

Лицата на кои во телото им недостасува цинк, треба да размислат за тоа да почнат да грицкаат семки од тиква.

Тие се одличен извор на цинк, минерал кој е потребе за изградба на коските.

Само четвртина шолја со семки од тиква содржи дури 17 отсто од препорачаната дневна вредност на цинк.

Мени