Рецепт за денеска: Рагу со мелено месо

Едноставно и брзо за подготовка, совршенство на вкус и мирис…

Подготовка:

  • 500 г мешано мелено месо
  • 2 чили-пиперки
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 поголеми компири
  • 2 лажици путер или маргарин
  • 1 лажица слатка црвена мелена пиперка
  • 250 мл супа од коцка
  • 150 г грашок
  • кари во прав
  • мелен сув зачин
  • црн пипер

Подготовка:
Чили-пиперките, лукот и кромидот ситно исечкајте ги. Комирите исечкајте ги на коцки.

Месото убаво пропржете го на растопен путер. Додадете го сечканиопт кромид и пржете уште малку.

Потоа додадете го сечканото лукче, па чили-пиперките и зачинете по вкус со чили во прав и мелена црвена пиперка. Динстајте уште малку.

Сега сипете ја супата од коцка и кога ќе проврие додадете ги исечканите компири.

Варете го јадењето на тивко уште 20-тина минути. Додадете мелен сув зачин по вкус.

Додадете го и грашокот и варете го рагуто додека не се свари грашокот.

Пред да го послужите, посипете со црн пипер.

Мени