Рафаело торта со јагоди и кокос

Фина, кремаста овошна торта едноставна за подготовка …
Потребно е:
за корите:
8 белки
12 лажици шеќер
140 гр кокос
2 лажици брашно
1 прашок за пециво
за жолтиот фил:
1 л млеко
8 жолчки
2 пудинга со вкус на слатка павлака
2 лажици брашно
2 ванилин шеќер
250 гр маргарин
40 гр шлаг пена во прав
60 гр млеко во прав
за филот од јагоди:
500 гр исчистени јагоди
200 гр шеќер
2 пудинга од јагоди
250 мл вода
за декорација:
шлаг
кокос
јагоди
чоколадо
Подготовка:
– Прво подгответе ја кората од кокос. Во еден сад изматете 4 белки во густ шлаг. Со постојано матење додадете 6 лажици шеќер.
– Измешајте 1 лажица брашно со 1/2 прашок за пециво и 70 гр кокос. Ова постепено додадете го во изматените белки и полека измешајте со дрвена лажица.
– Калап со дијаметар од 26 см обложете го на дното со хартија за печење и сипете ја подготвената смеса. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.
– Истата постапка повторете ја за втората кора.
– Преминете на подготовка на жолтиот фил. Во еден сад изматете ги жолчките, пудингот од слатка павлака, брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер со малку млеко, а остатокот од млекото ставете го да се вари. Кога ќе зоврие млекото додадете ја изматената смеса и варете на средна температура со постојано мешање додека да се згусне.
– Кремот покријте го со пластична фолија (за да не фати кора) и оставете го да се излади.
– Маргаринот на собна температура изматете го со шлагот во прав. Потоа додадете го во изладениот крем и измешајте. На крај додадете го и млекото во прав и повторно убаво измешајте.
– Кремот ставете го во фрижидер убаво да се излади барем 1 час пред да го намачкате.
– Преминете на подготовка на филот оа јагоди. Јагодите измелете ги во блендер или со рачен миксер. Не е потребно да ги направите кашести, можат да останат и мали парчиња.
– Измешајте ги пудингот од јагоди со 4 лажици шеќер и малку вода.
– Остатокот од шеќерот и вода додадете ги во јагодите и ставете да се варат околу 5 минути. потоа додадете ја смесата со пудинг и вратете го садот на рингла. Со постојано матење варете додека да се згусне.
– Почнете со филување на тортата.
– Една кора ставете на чинија и премачкајте ја со половина од врелиот фил со јагоди.
– На друга чинија ставете ја втората кора и прелијте ја со остатокот од филот од јагоди.
– Ставете ги двете кори во фрижидер околу 10 минути.
– Првата кора премачкајте ја со 8 полни лажици од жолтиот фил. на жолтиот фил ставете ја втората кора и исто премачкајте ја со жолтиот фил.
– Со остатокот од жолтиот фил премачкајте ја целата торта. Декорирајте ја по желба.

Мени