Полнети шампињони

Состојки:

500 г шампињони

Сол, бибер

2 лажички сушен или свеж босилек

50 г шунка

1 кромид

Масло

2 лажици павлака

30 г кашкавал

Приготвување:

  1. Измијте ги шампињоните и исчистете ги така за да има доволно место да се наполнат со смесата што ќе ја приготвите
  2. Исечете ги дршките и исечкајте ги ситно, зачинете со сол, бибер и босилек
  3. На врел зејтин ставете го исечканиот кромид и дршките од печурките. На крајот додадете ја исечканата шунка. Кога ќе го тргнете садот од рингла, додадете ги павлаката и кашкавалот
  4. Наполнете ги шампињоните со смесата и наредете ги во тепсија за печење. Печете ги околу 20 минути на температура од 180 степени.
Мени