Полнети модри патлиџани со месо и пченка

Вкусни и убави за око …
Потребно е:
500 гр мешано мелено месо
1 клас пченка шеќерец
2 поголеми модри патлиџани
1 главица кромид
2 чешниња лук
4 зрели домати
150 гр грашок
прстофат оригано
1 китка свеж босилек
сол, бибер
100 гр кашкавал (што лесно се топи)
маслиново масло
Подготовка:
– Доматите прелијте ги со врела вода, излупете им ја лушпата и исецкајте ги на коцкички.
– Кромидот излупете го и ситно исецкајте го.
– Од класот пченка со помош на остар нож извадете ги сите зрна.
– На маслиново масло пропржете го кромидот, додадете ги месото, доматите, пченката, грашокот, посолете и оставете да се динста. Кога ќе омекне пченката, смесата е готова.
– Модрите патлиџани исечете ги на половина подолжина. Со лажица издабете им ја внатрешноста и наполнете ги со смесата од месо.
– Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени. Во тава ставете хартија за печење и наредете ги полнетите патлиџани. Испрскајте ги со маслиново масло и ставете ги да се печат во загреаната рерна околу 20 минути.
– Извадете ја тавата од рерна и патлиџаните посипете ги со изрендан кашкавал. Повторно вратете ја тавата во рерна и печете ги додека да се растопи кашкавалот.

Мени