Побиен најголемиот мит за целулитот!

За разлика од многу инфлуенсери на Инстаграм, д-р Хејзел Валас знае да објасни што е целулитот и како настанува. Таа е лекар, личен тренер и нутриционист.На нејзиниот профил на Инстаграм, неодамна објавила дека уверувањето дека целулитот по секоја цена треба да се отстрани- е мит.
Факт: 90% од жените со различна конструкција на телото имаат целулит. „Тоа не е патолошка состојба туку физиолошка, што значи дека е нормално“, напиша на фотографијата на која таа го покажува својот целулит.
Исто така, таа смета дека сите вежби, креми и суплементи кои наводно помагаат за целулитот се непотребни, за нив воопшто нема доказ дека се ефикасни.

Мени