Пица – лубеница е новиот летен хит рецепт!

Лубеницата е дефинитивно најомиленото летно овошје.

Покрај тоа што е неверојатно вкусна, истата е полна со вода која ви е потребна, а е и многу лесна за јадење, особено кога е многу ладна.

Веројатно најлесно е да се јаде на класичен начин или пак во вид на некој сок, но летово има и нови начини на консумирање на лубеницата кои знаеме дека ќе ги обожавате.

Специјалитетот „пица – лубеница“ е нешто што особено ќе ве освежи во било кој дел од денот, а со истиот ќе ги израдувате било кои гости што ќе ви се најават.

Базата на овој специјалитет е парчето лубеница, а врз него можете да ставите малку овошен јогурт, кокос, парчиња бадем, житарици и сезонско овошје.

На овој начин, едноставното парче лубеница станува нешто неверојатно, а за изгледот и да не говориме.

Овој рецепт се подготвува за многу кратко време, а сѐ што треба да направите е да исечете едно парче лубеница во круг, па потоа на помали парчиња како што би исекле пица.

Одозгора ставете по една лажичка од:

  • омилениот јогурт
  • малку житарици
  • бадеми
  • лешници или ореви и сосема на крајот останатото овошје што го обожавате подеднакво.
Мени