Пица како од пицерија

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 300гр меко брашно

* 1/3 коцка квасец

* 1 лажиче шеќер

* малку топла вода

* 3 лажици масло

* 1 лажиче сол

* околу 170мл топла вода

* 2децилитри сос од домати

* 2 лажичиња оригано

* 1 лажиче босилек

* сол, бибер, по вкус

* 1 чешне лук

* околу 100гр шунк, кулен

* околу 100гр кашкавал трапист

* 3,4 печурки

* 2,3 феферонки

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во малку топла вода измешајте го квасецот заедно со шеќерот и оставете го на топло 10 минути да се запени. Во брашнотот додадете сол, масло, квасец и долевајте вода додека не се замеси тесто кое наме да се лепи на рацете.

Оставете го на топло и место 30 минути додека да нарасне.

Плехот за печење подмачкајте го со масло, па тестото со прстите истанчете го со големина на плехот, што потанко, по желба оставајќи дебели ивици.

Во сосот од домати додадете оригано, босилек, изгмечен лук, сол и бибер. Наредете ја шунката, куленот по желба, ренданиот кашкавал и ставете тенки листови од печурки и по желба феферонки. Рерната загрејте ја 250 степени, и ставете ја пицата да се пече точно 10 минути.

Мени