Пилешко во сос од печурки со пармезан – совршен рецепт за денешниот ручек

За да го подготвите пилешкото месо во сос од печурки потребно е – 4 парчиња пилешко месо (може да е стек, или копан), 1 сечкан кромид, 150 грама свежи печурки, 3 лажички путер, половина чаша неутрална хопла, 70 грама пармезан, 3 чешниња лук, лажичка сол и лажичка црн пипер, половина чаша пиво.

Подготовка:

Путерот растопете го на средна температура, а пилешкото исечкајте го на поголеми парчиња и посолето го и наросете црн пипер. Додадете ги парчињата месо во тавата и гответе додека добро не се испржат. Тргнете го пилешкото од тавата.

Пропржете го кромидот додека не омекне. Додадете го исецканиот лук и печурките на тркалца и гответе додека да омекнат и потемнат. Ставете го пивото, постојано промешувајќи и внимавајќи да не ви загори смесата. Додадете пола од кашкавалот и промешајте дури да се стопи. Потоа додадете го останатиот дел од кашкавалот и промешајте. Додадете го пилешкото и оставете да се готви додека сосот не се згусне. Зачинете по вкус.

Добар апетит!

Мени