Пилешки ролнички со спањаќ

Состојки:

  • 1/2 килограми пилешко филе
  • 200 грама спањаќ
  • 2 лажици брашно
  • шоља млеко

Подготовка:
Сварете го спањакот и ситно исецкајте го, а потоа зачинете со сол и бибер. Пилешкото филе истенчете го кујнски чекан,

посолете ставете бибер и премачкајте ги со бешамел сос кој ќе го направите на следниот начин:

на загреано масло додајте брашно и полека додавајте шоља млеко за се да се соедини, мешајте цело време.

После бешамел сосот, распоредете го спањакот, потоа роловајте го месото и зацврстете го со чечкалици за да не се отвара.

Ролничките потоа извалкајте ги во брашно и на масло пропржете го од сите страни додека не порумени.

Извадете ги ролничките од маснотијата, ставете ги во тепсија и во рерна згреана на 150 степени, испечете ги до крај.

Мени