Пилешки крилца во сос од кашкавал- едноставен ручек за кој нема да потрошите многу време

Пилешки крилца во со сос од кашкавал- ова е едноставен ручек за кој нема да потрошите многу време…

Потребно е:

  • 1 кг пилешки крилца
  • околу 50 г рендан кашкавал
  • 100 г неутрална павлака
  • 1 јајце
  • мелен сув зачин
  • сол, бибер
  • масло

Подготовка:

Крилцата посипете ги со мелениот сув зачин. Ставете ги да се пржат на загреано масло додека не поруменат од двете страни.

Потоа додадете малку вода и динстајте ги додека не омекнат.

Омекнатите крилца наредете го во огноотпорена тава заедно со сосот во кој се динстаа.

Во еден сад измешајте ја павлаката со ренданиот кашкавал, јајцето и зачинете по вкус.

Овој сос прелијте го преку крилцата во тавата.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути.

Мени