Пикантни тиквички

Многу вкусни и лесни за подготовка …

Потребно е:

  • 4 тиквички зелени и жолти
  • 1 средно голема главица кромид
  • 1/2 чаша (од 150 мл) ситно сецкан свеж копар
  • 1-2 свежи чили пиперчиња
  • 1 лажиче семе од синап
  • 3 чешниња лук
  • 1/2 чаша јаболков оцет
  • 3/4 чаша вински оцет
  • 1/3 чаша шеќер
  • свеж магдонос

Подготовка:
Исецкајте ги тиквичките на тенки тркалца. Истото направете го со кромидот.

Целиот зеленчук ставете го во цедалка и потоа во фрижидер да стои неколку часа за да се исцеди вишокот течност.

Потоа со раце нежно исцедете ги тиквичките и кромидот и распоредете ги помали тегли заедно

со чешнињата лук, чили пиерчињата на кои претходно сте им ги извадиле семките, копарот, магдоносот и семето од синап.

Во сад на рингла ставете да се вари водата и со оцетот, шеќерот и солта. Оставете само кратко да врие.

Потоа со оваа течност прелијте го зеленчукот во теглите. Оставете да се излади и чувајте ги во фрижидер.

Вака подготвените тиквички може да и јадете во сендвичи со сирење или намаз од сирење, а исто се и добар прилог со некое печено парче месо.

Мени