Печено мисиркино месо со мешан зеленчук

Состојки
1кг 200гр мисиркин карабатак со коска
2 лажички црвен пипер
Маринада
1 главица кромид
1 чешне лук
3 гранчиња мајчина душица
250мл сок од јаболка
по потреба сол, бибер
Зеленчук
4-5 помали компири
3 моркови
1 поголема црвена пиперка
1 тиквичка
1 чешне лук
по потреба сол, мешан сув зачин
30мл зејтин

Месото подгответе го еден ден однапред.
Внимателно, со остар нож отстранете ја коската од месото. Ставете го во поголема кеса за замрзнување, додадете го кромидот и лукот крупно исечкани, гранчињата мајчина душица и налејте го сокот од јаболка. Затворете ја добро кесата и ставете во фижидер да отстои преку ноќ.
Наредниот ден, извадете го месото и убаво исушете го со кујнска хартија.
Рерната загрејте ја на 200 степени.
Заролајте го месото во ролна и заврзете го со кујнски конец. Посолете и набиберете. Зејтинот и црвената пипер измешајте ги и со оваа смеса премачкајте го месото од двете страни. Ставете да се печи 1 1/2 час. За време на печењето, превртете го месото и од другата страна добро да се испече.
Откако ќе се испече оставете малку да излади, отстранете го конецот и сечете парчиња.
Компирите и тиквичката излупете ги и исечете ги на кругови, морковите и пиперката на стапчиња, лукот исечете го покрупно.
Во еден длабок сад ставете ги компирите и морковите, насолете, ставете мешан сув зачин и зејтин по потреба. Измешајте убаво и ставете во тава да се пече на 200 степени 20 минути.
Во дуг сад измешајте ја пиперката со тиквичката и лукот. Исто посолете, ставете мешан сув зачин и зејтин.
Додадете ги сега пиперката и тиквичката и печете наредни 20 минути.

Мени