Не сте знаеле дека се толку многу здрави: Зошто мора да јадете тиквици?

Тиквиците се богати со витамини А и Ц како и антиоксиданти кои го штитат организмот од слободни радикали и стареење.Спаѓаат во нискокалорична храна, содржат каротеноиди кои ги штитат очите, кожата, срцето…Често се застапени во исхраната, но многумина не знаат дека тиквичките имаат чудесна моќ. Витаминот К и магнезиумот во тиквиците влијаат на јачината на коските.Одлична замена се за тестенините, а се препорачуваат и за луѓе со висок шеќер во крвта. Истражувањата покажаа дека оние кои редовно консумираат намирници богати со растителни влакна, како тиквици, имаат помал ризик од срцеви заболувања.Помагаат и при намалување на лошиот холестерол но и крвен притисок, бидејќи содржат многу калиум.Ако често јадете тиквици можете брзо да се ослободите од вишокот килограми. Покрај тоа што се богати со вода и влакна, создаваат чувство на ситост, односно го регулираат апетитот.

Мени