Неодоливо вкусно – печени макарони со печурки и павлака

Состојки:

  • 1 кисела павлака
  • 300 гр маринирани печурки
  • 1 јајце
  • 200 гр кашкавал
  • 1 помала главица кромид
  • 300 гр кравјо сирење
  • 500 гр макарони

 

Подготовка

Макароните се варат во посолена вода со малку масло. Додека се варат, може да се спрема филот.

Се загрева масло и се запржува прво ситно сечканиот кромид. Потоа се додаваат печурките (претходно сечкани) со постојано мешање.

Пред да почне да потемнува кромидот, се посолува, се додава пола лажичка црвен пипер и се трга на страна.

Сирењето и кашкавалот се рендаат. Јајцето се разматува со половина павлака, се додава малку сос од домати,

5 супени лажици млеко и 5 супени лажици од водата во која се вареа макароните.

Тавчето, по желба, може да е округло или правоаголно.

Се премачкува тавчето со масло и одозгора се реди еден ред од сварените макарони (половина од макароните).

Се нанесува одозгора половина од филот со печурките, се става одозгора половина од ренданото сирење и малку од ренданиот кашкавал.

Одозгора се става малку сос од домати. Повторно се реди останатиот дел од макароните, па останатиот фил со печурки, ренданото сирење и кашкавал.

Повторно се става одозгора уште малку сос од домати. Се налеваат неколку супени лажици од водата во која се вареа макароните и спремно е за печење.

Рерната се загрева на 200С, па пред да ги ставиме макароните да се печат, рерната се намалува на 170.

Се печат околу 15-20 минути, се вадат од рерна, се полеваат со смесата од матено јајце и павлаката, се наросува одозгора малку босилек за вкус

(по желба, вкусно е и со оригано) и се враќа во рерна да се потпече уште 10 до 15 минути.

Добар апетит!

Мени