НЕОБИЧНА БОГАТА ПИЦА

Потребни состојки:

За тесто:

120 гр. брашно

150 мл. вода

4 лажици маслоново масло

1 лажичка сол

За фил:

200 гр. мешани печурки: шампињои, питаки, вргањ…)

200 мл. млеко

3 јајца

2 чешниња лук

2 лажици ситно сецкан власец

200 гр. гауда кашкавал

200 гр. овчи кашкавал

150 мл. павлака

2 лажици пармезан

Сол и црн пипер

Припрема:

Во посебен сад ставете ги состојките за тестото и замесете, па формирајте топка, но внимавајте да не се лепи. Со сукалка растегнете кора, па ставете ја во намачкан плех за пица.

Ситно исецкајте ги сите печурки, па пропржете ги малку на оган заедно со ситно исецканите чешниња лук. Потоа додадете го кашкавалот во тавата и почекајте малку да се растопи, па додајте го млекото. Тргнете ја тавата од оган, промешајте, па додадете ја павлаката, ситно сецканиот власец, солта и црниот пипер. Изматете ги и јајцата и додадете ги, па промешајте се додека не добиете хомогена смеса.

Смесата додадете ја врз тестото за пица, па печете на температура од 200 степени околу 30тина минути. Пет минути пред крајот додадете пармезан. Добар апетит!!!

Мени