Нема да поверувате што нѐ дебели повеќе и од брзата храна

Тим на канадски истражувачи објави резултати на новото истражување според кое тинејџерите и младите кои почесто пијат алкохол имаат значително поголеми шанси да добијат вишок килограми.

Новите податоци доаѓаат од Универзитетот Ватерло, Онтарио, а тестирани се средношколци од 89 училишта кои ги пополниле анонимните анкети.

Меѓу останатите прашања било поставено и колку често пијат алкохол.

Дури 39 проценти од средношколците признале дека пијат најмалку еднаш месечно, што вклучува најмалку пет алкохолни пијалаци за време на излез, а 11 проценти толку пијат најмалку еднаш неделно. Сиот тој алкохол се претвора во екстра калории, а слатките жестоки пијалоци имаат повеќе калории.

Потоа, врз основа на податоците (каков алкохолот консумираат – пиво, вино, жестоки пијалаци и што јадат), ги пресметале просечните калории, односно килограмите кои можеле да ги добијат како вишок.

На пример, оние кои еднаш неделно се напиле водка, годишно би внеле 57.000 калории повеќе од оние кои не пиеле, што значи дека се здебелиле до 7,5 килограми.

Ова е една од првите студии кои конкретно се занимавала со дебелината кај младите луѓе, а која е поврзана со алкохолот.

Едно од пет американски деца и 30 проценти од канадските е или дебело или има значителен вишок на килограми.

Поранешните истражувања се занимавале главно со тоа колку додатоците и шеќерите во секојдневната исхрана влијаат врз дебелината.

Мени