Млеко и банана за мирен сон

Постои народно мислење дека навечер е доволно да се напиете млеко за мирно да спиете.

Но, тоа не е сосема точно. Млекото треба да се надополни со банана или некоја друга растителна намирница богата со триптофан, советуваат специјалистите за исхрана.

Триптофанот е животно важна аминокиселина која организмот не може сам да ја произведе,

туку ја добива со консумирање млеко и одредени билки како што се бананите, спанаќот, шпагетите со сос од босилек, на пареа приготвен модар патлиџам или брокула, парче леб намачкано со путер од кикиритки.

Ова е особено важно за нервозните личности кои патат од несоница.

Мени