Метеопатите овој период имаат огромни маки: Овие совети многу ќе ви помогнат!

Повеќето од нас реагираат на промена на времето. Иако не сме свесни за случувањата во организмот, најмногу трпи нашиот крвоток. За во одредени околности да се воспостави нормален крвоток, треба да се прилагоди исхраната и да се внесува повеќе овошје и лесно динстан зеленчук, нагласуваат нутриционистите.

Променливото време луѓето често ги прави уморни и омалаксани. За да се избегне тоа и да се поврати силата, во менито треба да се внесе супа од зеленчук или од месо.

На крвототкот му е потребен и микроелементот хром, кого најмногу го има во печурките, сувото грозје и јаткастите плодови.

На жените особено им е потребно железо, а го има во кашата од јаболка, магдоносот, динстаниот грашок и семките од тиква.

За главно јадење се препорачува варен компир со малку нане.

Крвотокот може да се стабилизира и ако еднаш дневно се консумира една кисела краставичка или парче интегрален леб намачкан со сенф.

Меѓутоа, најважно е во текот на денот да се внесуваат доволни количини течност со неколку капки сок од свеж лимон.

Мени