Лошите диети посмртоносни од цигарите

Според најновите истражувања, лошата диета е прогласена за „полоша од пушењето“, заедно со виното, содата, како и со неактивниот, „седечки“ живот.

 

Еден од пет смртни случаи годишно или вкупно 11 милиони во светот, се последица од неправилната исхрана, пишува NY Post.

Откриено е дека болестите како што се ракот и дијабетесот најчесто се поврзуваат со лошите прехранбени навики,

како и со погрешни диети кои знаат да бидат погубни за нашиот организам.

 

Земји со најмалку смртни случаи кога станува збор за прехранбените навики, биле оние кои ја следеле медитеранската исхрана,

како што е Шпанија, велат истражувачите.

Земјата е богата со производи како што е маслиновото масло, што ја направи овогодинешна најздрава земја,

според Блумберговиот индекс за здрави земји за 2019.година.

Интересно е тоа што лошите прехранбени избори на листата ги „претркале“цигарите инаку важат за главен непријател на здравјето.

Мени