Лесен ручек за целото семејство: Крем супа од печурки

Оваа супа ќе ви помогне да се ослободите од проблемите со стомакот и болката во желудникот. Освен тоа, ќе уживате во нејзиниот прекрасен вкус.
Потребни состојки

  • 300 гр. свежи шампињони
  • 1 главица лук
  • 1 мал морков
  • 1 чаша млеко
  • 1.5 дл павлака за готвење
  • сол
  • бибер
  • мешавина на зачини

Начин на подготовка:
На малку масло издинстајте го лукот, па додајте ги шампињоните исечени на парчиња (оставете 2 од нив на страна).

Кога тие ќе омекнат, испасирајте ги во блендер.

Вратете ги на оган, а потоа додајте ги 2-те преостанти шампињони исецкани на парчиња, морковот исецкан на парчиња, мешавината зачини, солта и биберот, па потоа прелијте со вода.
Кога морковот ќе омекне, додајте ги млекото и павлаката, кратко гответе, па послужете.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мени