Компир салата со туна! Здрава и вкусна салата …

Потребно е:
500 гр компири
2 големи конзерви туна
2 главици црвен кромид
100 гр пченка од конзерва
100 гр чери домати
1/2 лажиче сол
магдонос
Подготовка:
– Компирите сварете ги со лушпа. Излупете ги, исецкајте ги на коцки и посолете.
– Во чинија за сервирање ставете ја туната, кромидот исечен на тенки полумесечинки, чери доматите на четвртинки и ситно сецканиот магдонос.
– Внимателно измешајте ги сите состојки . Пред да ја послужите оваа салата убаво изладете ја.

Мени