Кашата на баба: Оброк кој ќе ви го разбуди организмот

Состојки:

  • 1 лажица зобни снегулки
  • 1 лажица ’рж
  • 1 лажица ленено семе
  • 1 лажица пченични трици
  • 1 лажица просо
  • 1 лажица јачмен
  • 1 лажица суво грозје

Подготовка:

Наведените состојки прелијте ги со вода и оставете ги да отстојат преку ноќ.

Следното утро варете ги 5-10 минути, но внимавајте да не се исушат премногу.

Потоа тргнете ги од оган и оставете да отстојат 20-30 минути.

По желба додадете малку сол или, пак, заблажете ја со малку мед и послужете се.

За подобар вкус на сварената каша можете да и’ додадете и некое овошје како јаболко или други сезонски плодови.

Доколку сакате можеме да додадете уште некој вид житарици.

Мени