Златен медал за карактеристичното „Фиано“ кое и две години по својата официјална промоција е едно од најспецифичните вина кои се произведуваат на Балканот

Со голем шампионски пехар за врвен квалитет на оценетите вина, три големи златни и пет златни медали, вината на ВВМ „ГД – ТИКВЕШ“ од Кавадарци доминираа на 86тото издание на меѓународниот Новосадски саем кој од 11 до 17 мај се оддржа во престолнината на Војводина.
Златните медали за буквално комплетната Вирго линија го потврдија целиот раскош и врвен квалитет кој го крие секое шише, почнувајќи од неверојатната „Темјаника“ од бербата 2018, новиот миленик на вљубениците во виното, „Совињон Блан“ исто така од минатата година, една година постарото „Шардоне“, и се разбира фантастичното „Мускат Розе“ од 2018.

Голем златен медал добија и виното Сирах од 2017 кое беше премиерно претставено пред неколку месеци,

како и првото барикно вино на ВВМ „ГД – ТИКВЕШ“, „Мерло Барик“ од 2017 година. Од црвените вина златен медал доби и „Фаворит Куве“ од 2016 година.

Доминацијата на вината на ВВМ „ГД – ТИКВЕШ“ беше заокружена со златниот медал за карактеристичното „Фиано“ кое и две години по својата официјална промоција е едно од најспецифичните вина кои се произведуваат на Балканот.

„Признанијата од Новосадски Саем ни се особено драги со оглед на тоа што се работи за престижна манифестација со долгогодишна традиција.

Се разбира, сите освоени медали како и големиот пехар за врвен квалитет се само уште една потврда дека се наоѓаме на вистинскиот пат,

но и претставуваат дополнителна обврска за сите нас во ВВМ „ГД – ТИКВЕШ“ да продолжиме со создавањето на вина со премиум квалитет“ – изјави Миле Милев, директор на ВВМ „ГД-ТИКВЕШ“.

Мени