ЗАЧИНЕТИ ПИЛЕШКИ СЕНДВИЧИ СО ГОРГОНЗОЛА

Потребни состојки:

100 гр. сирење горгонзола

4 пилешки стекови

8 кришки леб по избор

1 главца кромид

1 лажичка чили

1 лажичка сол

1 лажичка мелен црвен пипер

1 лажица путер

2 лажици лут сос по избор

Масло за јадење

100 гр. брашно

Подготовка:

Во посебен сад ставете го брашното, мелениот црвен пипер, чилито и солта и промешајте. Добро измијте ги пичешките стекови, а секој стек убаво премачкајте го со смесата од зачини и брашно.

Вака приготвените стекови испржете ги во тава со масло на оган, околу 5 минути на секоја страна.

Во посебен сад исмешајте го лутиот сос со путерот, се додека путерот не се растопи. Секој испечен стек премачкајте го со оваа смеса и оставете го да се излади.

Ставете го лебот на тост да се загрее. Потоа врз 4 парчиња леб ставете по еден стек, ситно сецкан кромид и горгонзола сирење. Потоа со врз сендвичите додадете ги останатите парчиња леб. Премачкајте го лебот со малку путер и ставете го на тост да се испече.

Вака приготвените тост сендвичи исечете ги на половина и послужете ги во чинија за сервирање. Добар апетит!

Мени