Есенска салата полна со витамини

Есенска салата полна со витамини …
Потребно е:

  • 250 г цвекло
  • 150 г рукола
  • 100 г сирење
  • 2 шаки јаткасти плодови (ореви, бадеми или лешници)
  • 100 г листови млад спанаќ
  • 2 лажици јаболков оцет
  • сол и бибер

Подготовка:
Цвеклото измијте го убаво и сварете го. Оставете го да се излади, излупете го и исечете го на коцки.
Убаво измијте ги листовите спанаќ. Јаткастите плодови исецкајте ги на помали парчиња. Исто и сирењето исечете го на коцки.
Во еден сад ставете ги оцедот и маслиновото масло и изматете ги со вилушка. Додадете сол и бибер, по вкус.
Во чинија за сервирање ставете ги сите состојки и на крај прелијте ги со подготвениот прелив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мени