Експрес колач – готов за 3 минути

Состојки:

  • 4 лажици брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици какао во прав
  • 1 јајце
  • 3 лажици млеко
  • лажица масло
  • екстракт од ванила
  • лажичка ликер од вишна или чоколадо (по желба)
  • 2 лажици ситно исецкана чоколада (не е задолжително)

 

Подготовка:

Ставете ги сувите состојки во мал сад (брашно, шеќер, какао). Додадете јајце и помешајте.

Додадете масло, млеко, екстракт од ванила и по желба ликер. Мешајте додека не добиете компактна смеса. На крајот додадете од чоколадото.

Смесата ставете ја во микробранова три минути на максимална температура. Колачот е готов.

Добар апетит!

Мени