Дали сте за шолја пица?

Мислевте дека за пица ви се потребни тавче, рерна и малку повеќе слободно време? Дефинитивно не сте во право, бидејќи ние ви го пренесуваме совршениот рецепт за сите вас коишто немате доволно време, работите многу и често сте гладни.

Состојки:

• 60 гр брашно

• 60 мл млеко

• 2 лажици маслиново масло

• 2 чажици сос од домати

• 50 гр моцарела

• Босилек

• Прстофат прашок за пециво

• Прстофат сол

Подготовка:

Состојките за тестото промешајте ги и со прсти набијте ги на дното од шолјата, за во текот на печењето да не се надуе премногу. Премачкајте го со сос од домати, па наросете го сирењето. Печете 5 минути во микробранова, додека тестото двојно да се зголеми а сирењето да се растопи. На крајот додадете го свежиот босилек, ако сакате и готово!

Мени