Големи проблеми: Ако сте одлучиле да слабеете на овој начин, правите фатална грешка

Јаболковиот оцет може да помогне во слабеењето, но никој не ги споменува несаканите ефекти од неговата прекумерна употреба.

Јаболковиот оцет не е магичен еликсир кој може да ги реши здравствените проблеми. Многу познати личности сметаат дека јаболковиот оцет им помага во процесот на слабеење, но никој не кажува какви проблеми со варењето може да предизвика.

Стомачни проблеми
Поради тоа што јаболковиот оцет е кисел, може да предизвика воспаление на стомакот или воспаление на дигестивниот тракт. Јаболковиот оцет е добар како додаток во исхраната, но не е магичен пијалок за топење на калориите.

Дијареја
Јаболковиот оцет се прави од ферментирани јаболка, содржи пектин – растворливи диетални влакна. Овие влакна го поттикнуваат растот на добри бактерии во цревата и го намалуваат воспалението. Меѓутоа, ако консумирате поголема количина, може да се појави дијареја.

Проблеми со бубрезите
Некои истражувања покажале дека доколку имате проблеми со бубрезите, консумирањето на кисела храна не е препорачливо. Од голема важност е јаболковиот оцет да се раствора со вода.

Зголемен апетит
Многумина тврдат дека јаболковиот оцет го намалува апетитот, но ова тврдење не е точно. Јаболковиот оцет е нискокалоричен, па за брзо време повторно ќе бидете гладни.
Надуеност
Јаболковиот оцет го одложува празнењето на цревата, што може да доведе до губење на килограми, но може да предизвика и надуеност, гасови, мачнина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мени