Ви треба само парче леб, неколку јајца и малку мелено месо- направете ги највкусните шкотски јајца

Без разлика дали ќе ги подготвите како предјадење или лесна вечера, овие јајца на вашата трпеза ќе и дадат и една свечена нота.

Потребни состојки:
500 гр мелено месо
кромид, сол, бибер
1 мала лажичка алева пиперка
1 jајце
2 парчиња леб
0.5 дл млеко
2 чешниња лук
За полнење: 4-5 јајца
За панирање: 2 јајца, половина шолја брашно, половина шолја презла, лажица сецкан магдонос

Подготовка:

Тврдо сварете ги јајцата. Исечените парчиња леб натопете ги во млеко. На масло пропржете го ситно сецканиот лук. Додадете го натопениот леб, сировото јајце, згмечениот бел лук и сецканиот магдонос. Добро измешајте ја смесата.

Варените јајца изладете ги и исчистете ги од лушпата. Подгответе ја смесата за панирање. Поделете ја смесата со месото на четири дела. Од првиот напревете плескавица, на неа ставете варено јајце, поклопете со месо, и обликувајте со рацете топка. Топчињата валкајте ги во брашно, јајца и презла.

Загрејте поголемо количество на масло, па пржете по две топчиња неколку минути на повисока температура, додека не се создаде коричка, а потоа на потивок оган уште 20-на минути. Вадете ги на кујнска хартија за да се впијат вишокот од маснотии, а потоа послужете со сос од павлака.

Совет: Во текот на пржењето, вртете ги топчињата со лажица, со цел тие да не го изгубат обликот, или пак пржете во фритеза. Ако сакате помали залачиња, врените јајца иситнете ги со вилушка, а месото поделете го на повеќе делови, па правете помали топчиња подготвени за пржење.

Мени